Македонија

Битолчанец се здобил со тешки повреди откако се обидел да изврши кражба

На 25.12.2019 во 11.45 часот во СВР Битола, од Итната медицинска помош било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен С.Р.(26) од Битола.

Според пријавеното, тој се здобил со повреди при обид да изврши кражба на тегови кои го држеле лифтот во напуштен објект на поранешна фабрика на улица „1 Мај“ во Битола.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни