Македонија

Груевски, ВИП мигрантот на Орбан, виси на унгарскиот парламент (ФОТО)

Денеска во Парламентот на Унгарија опозицонирите бараа одговори од Власта како Никола Груевски успеал да влезе во Унгарија, а потоа зошто има посебен третман, барајќи премиерот Виктор Орган да објасни зошто крие криминалци од други држави.

Затоа на унгарскиот парламент виси плакат со ликот на Никола Груевски на кој пишува „ВИП мигрантот на Орбан – Груевски“.

Во унгарскиот Парламент имаше жестока расправија, а државниот секретар Балаш Орбан одговораше на новинарски прашања.

ЛМП побара формирање анкетна комисија за вмешаност на унгарските власти, додека партијата „Дијалог за Унгарија“ го нарече Груевски криминалец.

Постапката за азил на Груевски е во тек, а денеска македонското МВР потврди дека екс премиерот и натаму е во Унгарија и го чека барањето за азил.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Герасимовски 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни