„Завршува периодот кога четиричлено македонско семејство ќе треба да живее со 17.000 денари“, вака на социјалната мрежа Фејсбук попладнево се обрати новата Министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи.
Мизрахи беше предложена за технички министер за труд и социјална политика во преодната влада од страна на ВМРО-ДПМНЕ, потекнува од старо скопско еврејско семејство.
Таа е доктор по биохемиски науки, со образование стекнато во Македонија, Израел и Канада. Има работно искуство во државна администрација и во приватен сектор. Раководела со програмата за ретки болести во Македонија.