Македонија

Шаќире и Менаф добија нов дом – Младите од Палчиште и дијаспората го израдуваа семејството

Шаќире и Менаф, кои ги посетивме пред неколку месеци, живееја во тешки услови. Болеста уште повеќе им го отежнуваше секојдневието. Но, по неколку месеци се вративме, но овојпат со убава вест.

По сторијата на ТВ21, младите од тетовското село Палчиште, заедно со дијаспората се ангажираа и почнаа со изградба на нова куќа за семејството. Старата куќа беше урната до темел, а на нејзино место никна нова градба. Домаќинката Шаќире вели дека нејзиниот долгогодишен сон, станал реалност.

„Кога дознав, многу се израдував. Многу сакав да имаме куќа, ваква каква што изградија нашите соселани. Многу сме им благодарни нив, на Господ, на вас ТВ21, на младите од Палчиште, здруженијата од Швајцарија, и на сите што ни помогнаа. Господ да ги благослови“, изјави Шаќире Рамадани.

На помош дојдоа и соседите. Организаторот за изградба на куќата, Џевахир Абази, ни раскажа како се собрале за да му излезат пресрет на семејството.

„На почеток, благодарение на вашата телевизија, ниту јас, а ниту останатите селани не знаевме претходно за нив. Дознавме од ТВ21 и ние како месна заедница на селото Палчиште, и иницијаторите на две здруженија кои во моментов се во Цирих „Младите од Палчиште“ и „Здружение Палчиште“. Утредента веднаш дојдовме и видовме дека состојбата навистина е катастрофална, и веднаш се организиравме за да почнеме со работа“, истакна Џевахир Абази.

Шаќите и Менаф додека не биде уредена целосно куќата привремено престојуваат во стан под кирија во Тетово. Според организаторите за неколку месеци ќе биде завршена изградбата и семејството од Долно Палчиште конечно напролет ќе може да се всели во својот нов и топол дом.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни