Македонија

Министри за граѓаните или за партијата? – Должноста ја започнаа со партиско знаме и средби со активисти

Техничките министри и заменици министри ќе работат во интерес на граѓаните или партијата од која доаѓаат? Кадрите на ВМРО-ДПМНЕ кои станаа дел од новиот владин состав веќе почнаа со обвинувања за нивните претходници.

Рашела Мизрахи која дојде на местото на Мила Царовска во МТСР вели дека министерствата се на граѓаните, а не на политичките центри, но како го коментира Мизрахи фактот што првото интервју го даде со партиското знаме во позадина?

Ништо поразлично и новиот заменик министер за земјоделство, Цветан Трипуновски кој должноста ја започна со средби со партиски активисти во Прилеп. Како што напиша на Фејсбук, се сретнал со ОК и Младинските сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Зборувајќи пред новинарите тој вети подобрување на состојбата во Министерството за земјоделство, а додаде дека земјоделците од сега па натаму можат да се потпрат на ВМРО-ДПМНЕ но истото не го кажа и за министерството.

Во кодексот на владата усвоен пред неколку месеци, со член 3 се бара вршителите на функции во извршната власт да бидат непристрасни, во својата работа да се грижат подеднакво и објективно во почитувањето на уставот и законите.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни