Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на својот Фејсбук профил истакна дека вестите за организираниот упад во Собранието на 27ми април 2017 година се лажни.
„Лага е и информацијата дека сум ги повикал граѓаните да не седат во папучи дома туку да излезат и насилно да влезат во парламентот. Изјавата на која веројатно се мисли е дадена два месеци пред настанот во вестите на Сител ТВ и е одговор на прашањето дали сметам дека Тиранската Платформа ја нарушува унитарноста на земјата, на што одговарам потврдно и посочувам дека само народот може да го спречи тоа алудирајќи на нови избори кои тогаш веќе ги посакувавме одкако не успеа правењето коалиција со ДУИ“, пишува Груевски.
Тој додава дека лага е и тоа дека му давал инструкции на тогашниот претседател на Собранието Трајко Вељановски да го спречи изборот на нов претседател на Собранието.
Во продолжение целосниот статус на Никола Груевски: