Македонија

Вработените во „Еурокомпозит“ бараат конечно решение за нивниот проблем

Вработените во прилепски „Еурокомпозит“ бараат конечно решение за нивниот проблем, односно згрижување на 64-те лица кои не земаат плати, на кои не им се исплаќаат придонеси и речиси два месеца се на принуден одмор. Тие денеска повторно се собраа во дворот на фабриката за да бараат решение од Владата.

Роберт Богданоски, претседател на Синдикатот категорично вели дека бараат да им се реши ситуацијата на работниците.

– Повеќе од четири-пет месеци немаме никаква работа и не знаеме што да правиме. Работа немаме, нема ниту здравствено осигурување, директорите седат во канцелариите, а работниците се пуштени на принуден одмор. На принуден одмор сме речиси два месеца и не се знае до кога. Бараме од Владата да ја сфати сериозно ситуацијата. Може да ги пратат како стечајци и овие 64 вработени, па потоа нека наоѓаат решение за фирмата или нешто друго, но да се најде решение. Значи, бараме да се згрижат овие 64 работници, изјави Богданоски.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни