Владата на денешната седница донесе одлука за оддавање достојно признание на авторите и протагонистите на филмот „Медена земја“ Honeyland, кој по серијата највисоки меѓународни филмски признанија, е номиниран за највисоката филмска награда „Оскар“ во две категории, истакна на својот Фејсбук профил премиерот Оливер Спасовски.
Тој додава дека ќе биде обезбедено материјална помош и домување за Атиџе Муратова и осумчленото семејство што учествуваше во филмот, а за авторите, пет-члената екипа која го сними филмот признание за успехот и месечен материјален надомест.
– За широка афирмиција на големите и благородни пораки што ги пренесува филмот, Владата ќе ја поддржи организацијата на серија едукативни настани за темите што ги отвора филмот, и организирано прикажување на филмот „Медена земја“ во сите средни училишта во земјата, на универзитетите и во домовите на култура, како и заедничко гледање на филмот со децата од малите групни домови, и лицата од социјален ризик, посочува Спасовски.
Владата, исто така, ги презема и патните трошоци за патувањето на петчлената филмска екипа и за хероината на филмот Атиџе Муратова на доделувањето на Оскарите.