Македонија

Вангеловски чувал стари судски предмети – Арслани: Предметите да се разгледаат уште еднаш

Фаик Арслани кога дошол на функција в.д. претседател на Врховен суд во кабинетот на поранешниот претседател Јово Вангеловски пронашол околу триесет стари предмети за кои имало донесено судски одлуки а се чувале во фиоките во судот.

Арслани истакна дека донел одлука секој предмет посебно да се преразгледа и да се донесат соодветни одлуки што да се прави, бидејќи таквите предмети не можеле да се верифицираат бидејќи е поминато многу време.

Арслани додаде дека не станува збор за предмети за приведување туку за предмети кои биле во фаза на завршена работа.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни