Македонија

Затворена обиколницата во Битола на патот кон Ресен поради протест

Обиколниот пат од Битола кон Ресен е затворен за сообраќај поради протест на ромското население од Баир. Тие протестираат поради немање на електрична енергија.

На патот има запалени гуми, а на местото е присутна и полицијата.

Од АМСМ ни потврдија дека тој дел од патот е затворен поради протест.

Ова не е прв пат ова население да го блокира магистралниот пат Битола – Ресен.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни