Македонија

#ClickPlus – Стојановски: Договорите со Грција и со Бугарија се нашата иднина; Ристовски: Тие се нашата глупост!

Пред крајот и интересна дебата во „КликПлус“ на ТВ21. Трпе Стојановски од „Твоја Партија“ рече дека Договорите со Грција и со Бугарија треба да се почитуваат, и дека тоа ќе донесе иднина. Во разговорот му се вклучи Љупчо Ристевски од „Интегра“ и рече дека тие Договори се нашата глупост.

Претходно Ристевски истакна дека доколку неговата партија формира влада или има силно влијание во владата, во првите 100 дена ќе се залага за враќање на името Македонија.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни