Македонија

Од град во село, избегале од смогот и бучавата – живееле во центарот, а сега на падините на скопска Црна Гора

На падините на планината Скопска Црна Гора, одалеченa 17 километри, северно од центарот на на Скопје се наоѓа Чучер Сандево. Во оваа општина се снимени старите македонски приказни. Куќите се стари 150 години, а се правени од камен и кал. Неколку семејства веќе купиле куќи во селото за да се отселат и да избегаат од смогот. Семејството Спасовиќ е едно од нив. Веќе три години не живеат во Дебар Маало. Пред десет години купиле стара куќа, а ја реновирале со истиот материјал со кој била изградена пред многу години. Поголемиот дел од градежните работи ги направиле сами, бидејќи во Македонија веќе нема работна сила која знае да гради со камен, глина и дрво.

„Оваа куќа е стара 150 години. Нашата идеја беше да задржиме што повеќе од габаритот на куќата. А внатре да биде како модерен дом со природни материјали. Летно време не ни треба аир кондишн а зимно време се грееме на тврдо гориво. Имаме две печки едната е со внатрешно согорување која што има минимум емисија на гасови и потрошувачката е минимална“, истакна Дејан Спасовиќ.

Децата уживаа во чистиот воздух. Според родителите,  сега значително помалку се разболуваат. Веда има осум години и учи во Основното училиште „Песталоци“. Вели дека патувањето до училиштето не ѝ претставува проблем. Најмогу и недостига да се дружи со друкарките пред зградата, но сепак е среќна што не мора да ја трпи бучавата која ја има во центарот на градот.

„Се играме, трчаме, наваму-натаму, се шетаме. Тука е многу убаво. Поубаво е од град бидејќи таму е многу гласно, а тука нема никој скоро. Да малку ми фали, таму имавме исто другарки од зградата, се симнувавме доле и си игравме. Но таму имавме многу мал стан а јас немав голема соба и се преселивме затоа“, вели Ведеа Спасовиќ.

„Некогаш Веда сака да си игра сама, јас не знам што да правам. Потоа самиот си измислувам игри или си играм со мама и татко кога се слободни“, вели Никодин Спасовиќ.

Семејството за да ја зачува интимноста не дозволи да ја снимиме внатрешноста на куќата, но ни покажаа неколку фотографии. Дејан ја покажа работилницата во која бил изработен мебелот што сега го користат.

„Работилниците со студентите и децата се прават овде. Изработување на објекти, креирање работи со глина, тоа се тие работи што ги правиме. Сега тука е зима и оваа работилница е направена како магацин. Но кога е лето тука расчистуваме и ја претвараме како летна резиденција. Има прекрасен поглед се гледа дури Китка, но сега е заматено пошто Скопје не се ни гледа. Има прекрасен поглен и воздух“, посочува Дејан Спасовиќ.

Тој вели дека иако дел од нивните пријатели на почеток се шегувале на нивна сметка затоа што живееат во село, сепак сега и тие купуваат плацеви.
Дејан планира во дворот да направи и мини хотел каде ќе може да доаѓаат туристи и да уживаат во чистиот воздух и природната убавина со која изобилува Чучер Сандево.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни