На социјалните мрежи по денешното рочиште за „Рекет“, повторно се објави статус во името на згаснатата 1ТВ повторно без тој да биде потпишан од страна на авторот. Во денешнито напис се најавува дека ќе бидат наскоро објавени со име и презиме лицата кои му се заканувале на Бојан Јовановски.
„Воедно ќе ѓи објавиме со точно име и презиме лицата кои стојат позади тивката ликвидација на Бојан Јовановски! Исто така ќе ѓи објавиме со име и презиме лицата кои секојдневно му се заканувале со физичка ликвидација на Бојан Јовановски, лицата кои го уценувале што да зборува за предметот “Рекет”, уцените и заканите кон Јовановски се однесувале лично кон него и кон членови на неговото семејство“, пишува 1ТВ.
Ова е фотографија од денешното рочиште за несреќно наречениот предмет "Рекет". Ја известуваме јавноста дека во наредните…
Gepostet von 1tv.mk am Montag, 27. Januar 2020
Инаку денеска во судница сведочеше обвинителката Лиле Стефанова, која рече дека не го познава Бојан Јовановски.