Македонија

Осум илјади жени во Шуто Оризари без гинеколог – министерот Филипче ќе ги убедува специјализантите

Околу осум илјади жени од Шуто Оризари останаа без матичен гинеколог.  Вjолца Мбјара без да ги извести пациентките кои се прегледуваат кај неа, заминала. На вратата залепила известување дека сега преместена ординацијата во Сингилиќ.

Назмије Јашари е една од жените кои денес дојде да се прегледа на гинеколог, но не успеа вратата беше затворена.

Новинар: Гинекологијата е затворена неколку дена каде се прегледувате?

Жителка: Во Чаир.

Новинар: Дали ви е далеку колку километри патувате?

Жителка: Да, далеку е треба со автобус да се оди, па да се вратиме. Ако нема автобус треба со такси“.

Салије Бекир Халим од Иницијатива  жени Ромки од Шуто Оризари  вели дека срамно и дискриминирачи е во 21 век да нема гинеголог една општина со толку жители.

„Сабајлево само што дојдов имаше жена која што беше опериране од миоми за која што и е потребна терапика која ќе и биде препишана од матичен гинеколог наиде на затворена ординација. Сега е приморена оперирана да појде да ја побара ординацијата на докторката“, истакна Салије Бекир.

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека има голема бројка на специјализанти со кои ќе разговара деновиве за да обезбедат гинеколог во оваа општина.

„Гинекологот најави пред една недела дека сака да отвори ординација на друго место. Разговараме интензивно со неколку институции ќе видиме каде ќе можеме да обезбедиме гинеколог по системот на ротација. Доколку не може ќе обезбедиме дополнителни средства за стимулација за таму да имаме еден гинеколог. Има голема бројка на спезијализанти кои се при крај на специјализација и со нив ќе разговараме деновививе“, посочи Венко Филипче.

ТВ21 ја побара докторката Вјолца Мбјара да ни даде образложение зашто ја напуштила ординацијата, но таа не одговара на повиците. Таа работеше во амбулантата во Шуто Оризари од 2017 година. Претходно цели десет години во Шуто Оризари немаше гинеколог.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни