Македонија

Ревизори ќе ги „чешлаат“ бонусите на СЈО – Обвинителството бара податоци за трансакции од МФ

Државниот завод за ревизија по барање на Јавното Обвинителство ангажирала тројца ревизори да ги чешлаат паричните надоместоци кои ги добивале обвинителите на Специјалното Јавно Обвинителство . Главниот државен ревизор Максим Ацевски вели дека ревизорите ќе почнат да ги разгледуваат докумените од први февруари.

„Направивме неколку кординативни состаноци со претставници на ЈО за превземање на целата документација. Морате да имате предвид дека се работи за документација која што има одредена ознака за класивицирани податоци и мора да се создадат услови за таа соодветно да се чува во нашите простории. Утврден е ревизорскиот тим и ставена е таа ревизија во годишната програма“, истакнува Максим Ацевски.

Инаку Јавното обвинителство минатиот месец прати наредба за собирање на потребни информации до Министеството за финансии. Во барањето, до кое дојде ТВ21, под итно се бара преглед на сите извршени транскации кои се направени од почетокот на работењето на СЈО.

Во него воедно се бара:

„Аналитички преглед на подотаци за ивршени трансфери на СЈО  од почеток на неговото работење до денот на последната извршена трансакција, со што податоците да бидат дадени на позиција на шест цифри“, се вели во документот.

„Податоци за сите сметки поединечно, Основен буџет, самофинансирачки активности, заеми и донации на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконско следење на комуникациите, поединечно по години за период од 2015 година до денот на издавање на податоците“, додаваат во документот.

Од јавното обвинителство велат дека предметот е во предистражна постапка и не може да сподели детали.

„Предметот за кој покажувате интерес е во предистражна постапка. Надлежниот обвинител ги презема сите неопходни дејствија за расветлување на случајот. Во интерес на постапката Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција не може да сподели повеќе детали“, посочуваат од ЈОРМ.

Пред два месеци обвинителката Фатиме Фетаи рече дека износот на надоместоците се одредувал со одлука на специјалниот обвинител и се менувал низ годините.

„Генерално, секој обвинител примил по отприлика 22 илјади евра, што не е многу далеку од примањата за патни трошоци што ги имаат некои пратеници“, порача Фатиме Фетаи.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски во однос на исплатите на бонусите во СЈО пред два месеци изјави дека првичните согледувања покажуваат дека по ист основ два пати се делеле надоместоци, а сомнение фрла тоа што додатоците за плата биле класифицирани информации.

Инаку официјалните информации од базата „Отворени финансии“ покажуваат дека поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, за време на својот мандат, зела вкупно 157.000 евра надвор од редовната плата.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни