Македонија

ВИДЕО: Ксенофобичен напад во Скопје врз туристи од Кина: „Коронавирус, мрш од тука!“

На социјалните мрежи беше објавен видео запис во кој непознато лице во центарот на Скопје вербално напаѓа и навредува кинески државјани.

Додека лицето ги снима и навредува од непосредна близина, тие молчеливо гледаат во своите телефони и не реагираат.

„Коронавирус, еј го ту Кина, мрш од тука. Корона, да ве е*** во уста короништа едни“, вели непознатиот маж.

На видеото реагираше таткото на Град Скопје, Петре Шилегов кој преку својот Фејсбук профил истакна дека Скопје нема да толерира вакво однесување и ги повика надлежните да поведат истрага за овој инцидент.

Тој додава дека овој ксенофобичен испад на сограѓанин кон туристите е срам за градот и земјата, како и спротивност на се’ што Скопје е – град на солидарноста, космополитизмот и заедништвото.


Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни