Денеска во Париз, и во други француски градови, беа организирани масовни протести како покажување на револтот за зголемените цени на горивата.
Некаде околу 100.000 граѓани излегоа на улиците низ Париз, а полицијата мораше да користи водени топови и солзавци за да ја разбие толпата. Во текот на протестите, полицијата уапси 22 лица.
На популарната Шанз-Елизе улица беше запален камион каде имаше 5.000 протестанти, а полицијата ги спречи да дојдат до претседателската палата. Демонстрантите побараа оставка од претседателот Макрон.