Свет

Потона брод во езерото Викторија, најмалку 29 загинати

Најмалку 29 лица загинаа кога брод потона во езерото Викторија во областа Муконо во Уганда. Се претпоставува дека бродот потонал после лошото време кое било присутно на тоа место.

Полицијата засега потврди за загинување на 10 лица, но се претпоствува дека бројката, за жал, е поголема.

„Бродот бил преполн, а времето многу лошо“, изјавија од полицијата.

За време на несреќата на бродот биле 84 лица. Пред неполни два месеци во потонување на траект во истото езеро, загинаа околу 200 лица.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни