Поранешниот директор на МОБ и актуелен кандидат за пратеник Игор Дурловски на својот Фејсбук профил пишува дека после бројните напади кон него во изминатиот период, одлучил денешниот настан јавно да го објави затоа што бил сериозна и директна закана за неговата безбедност.
Во објавата не појаснува за каков инцидент се работи, но пишува дека истиот е пријавен во полициска станица, и очекува да биде покрената соодветна постапка, а наскоро ќе ги информира и претставниците на меѓународната заедница.
Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ за ТВ21 зборува за инцидентот кој се случил.
„Денес во 12ч , советникот на Заев, Филип Андов Сокол (вработен во Владата како советник за младите во Скопје), вербално му се заканувал на кандидатот за пратеник Игор Дурловски, со навреди и пцовки на политичка основа, викајќи му дека ќе лежи 100 години затвор, а со возилото „БМВ“ со бугарски регистарски таблички му ја загрозил и физичката безбедност во сообраќајот“, посочи Милошоски.
Од Министерството за внатрешни работи во текот на утрешниот ден ќе информираат за денешниот настан.
.