Македонија

На работно место си снима „Tик-Tок“ – од министерството за финансии најавуваат дека ќе биде преземена соодветна мерка

Дел од вработените во Министерството за финансии прилично интересно си го исполнуваат своето време на работното место.

Имено, на социјалните мрежи може да се видат видеа од вработените во министерството како за време на работното место во канцеларија си снимаат видео клипчиња на кои играат, наместо да работат.

ТВ21 побара одговор од министерството од каде посочуваат дека од страна на претпоставените веднаш е извршен разговор и ќе бидат преземени соодветни мерки.

„Етичкиот и професионалниот кодекс се врвен приоритет на Министерството за финансии. По објавата на социјалните медуми, од страна на претпоставените веднаш е извршен разговор и ќе бидат преземени соодветни мерки. Навистина сме разочарани што ова фрла сенка на колегите од кризниот штаб кои деноноќно посветено и пожртвовано работеа за надминување на кризата“, додаваат од Министерството за финансии.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни