Македонија

Почина колегата Беким Бајрамоски од ТВ „Спектра“

По кратко боледување, вчера почина уште еден медиумски работник од коронавирусот во земјава.

Станува збор за 44-годишниот Беким Бајрамоски од струшко Лабуништа, кој работел како техничар во локалната телевизија „Спектра“ од 2003 година.

Тој е роден на 28.06.1976, а исто така бил дел од многу манифестации, како и многу културни и спортски настани.

Во Струга има 12 активни случаи со коронавирус, од кој само еден е од Лабуништа. Бројот на починати се искачи на 16.

ТВ21 искажува сочувство до фамилијата, пријателите и колегите на Бајрамоски.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни