Македонија

Додека Македонија носеше одлука за враќање на полицискиот час, на само 80 километри се играше фудбал и тоа со публика

Владата вечерва донесе одлука за враќање на полицискиот час и тоа во општините кои во последниот период беа жаришта на коронавирусот. Тоа се Скопје и општините, Куманово, Штип, Липково, Тетово, Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце.

И додека се носеше одлуката за враќање на рестрикциите, во Србија, во градот Сурдулица се играше фудбалски натпревар, и тоа со публика.

Домашниот тим на Радник, со навивачи на трибините, го пречека тимот на Партизан од Белград.

Сурдулица е место кое се наоѓа на 80 километри од границата со Македонија, или 120 од Скопје. Згора на тоа имаше и гостински навивачи од Белград на натпреварот.

Другите очигледно дека добро се справија со Ковид-19. Во Србија денеска има 69 позитивни случаи.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни