Балкан

Хрватска: Девојче се бори за живот откако филтер од базен ѝ ја повлекол косата под вода

Хрватска: Девојче се бори за живот откако филтер од базен ѝ ја повлекол косата под вода

Малолетна германска државјанка се наоѓа во стабилна, но критична состојба во Клиничкиот болнички центар во Риека, откако доживеала тешка несреќа додека се капела во внатрешен базен во туристички објект во Рабац, Истра.

Според информациите од Истарската полиција, несреќата се случила вчера околу 10 часот наутро. Девојчето нурнало во внатрешниот базен на длабочина од околу еден метар, по што нејзината коса била силно повлечена од ѕидниот филтер за прочистување на водата. Заради тоа, таа не успеала да изрони и останала под вода одреден временски период.

На помош веднаш притрчале член на нејзиното семејство и една од гостинките во хотелот, кои успеале да ја извлечат од водата и започнале со реанимација сè до пристигнувањето на екипата на Итната медицинска помош. Поради сериозноста на состојбата, девојчето со хеликоптер итно било префрлено во болницата во Риека.

„Пациентката е примена на Одделот за интензивно лекување. Во тек се сите потребни дијагностички процедури и терапевтски мерки. Состојбата во моментов е стабилна, но сè уште е прерано да се даваат какви било прогнози за крајниот исход“, изјави в. д. раководителката на Заводот за неонатално и педијатриско лекување во КБЦ Риека, д-р Кристина Лах Томулиќ.

Полициските службеници од Истра продолжуваат со истрагата за целосно утврдување на сите околности под кои се случила оваа несреќа.

Ноќно студио

Најнова епизода

Герасимовски за „Барутана“, „Треска“, Платформа 12:05 и поделбите во СДСМ | Ноќно студио 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни