Лидерот на опозициското Граѓанско движење УРА и поранешен премиер Дритан Абазовиќ изјави дека има оперативни сознанија за тоа кој е главен осомничен во случајот „Тунел“ и каква била намерата, иако, како што вели, таа намера не е реализирана.
Абазовиќ ова го изјави гостувајќи во емисијата „Линк радио“ на Црна Гора, без да даде повеќе детали.
Тој го поздрави апсењето на бар-бизнисменот Ѓорѓиј Павиќевиќ, осомничен за шверц на цигари.
„Се предаде шемата за шверц на цигари и јас тврдев дека поради тоа падна 43-та влада, а не Основниот договор со СПЦ.
Објаснив како се мијат контејнерите и како пристигнуваат полни бродови, а заминуваат празни бродови“, рекол Абазовиќ, пренесе порталот РТЦГ.
Тој посочи дека лицата кои се занимаваат со шверц и одзеле милијарди евра од Црна Гора.
Абазовиќ тврди и дека некои луѓе од Европа сега имаат задача да ги штитат интересите на спонзорите, меѓу кои има и оние од организираниот криминал, но и дека „никој не може да ја сопре раката на правдата“.
