Абрамович бара пријателите да му позајмат пари за да може да функционира

Рускиот олигарх Роман Абрамович побара од своите пријатели, главно холивудски и американски моќници и брокери, да му позајмат милион долари за да може да „функционира“ додека неговиот имот е замрзнат.

Според Page Six, Роман Абрамович, чии банкарски сметки во Соединетите Американски Држави и Велика Британија се замрзнати, побарал од неговите угледни и моќни пријатели да му позајмат пари за, меѓу другото, да продолжи да плаќа за неговата верна служба на суперјахти што ги поседува на кои му требаат 750.000 долари неделно.

Се вчитува...

Абрамович, кој приреди низа забави на своите бродови и на неговиот простран имот на Св. Барт, има многу блиски пријатели во Холивуд, Вол Стрит и светот на технологијата. Неговите соработници, наводно, се претпазливи околу позајмувањето пари, и покрај неговата вклученост во руско-украинските мировни преговори.

„Роман бара од своите најблиски пријатели да му позајмат милион долари. Тој вели дека никогаш не пропуштил да му исплати плати на својот персонал, што е 750.000 долари неделно, а со замрзнати средства не може да ги плати своите луѓе“, рекол еден извор.

„За парите се обрати до холивудскиот продуцент и режисер Брет Ратнер, семејството Ротшилд и многу други. Но, иако се добри пријатели со Абрамович, тие не се согласија да му ги дадат парите бидејќи ги немаат во готово“, додаде изворот.

Блумберг претходно објави дека Британија и ЕУ го санкционирале Абрамович, проценет на 14,3 милијарди долари, во март оваа година поради руската инвазија на Украина. Поради санкции, тој беше принуден да се откаже од фудбалскиот клуб Челзи, на чие чело е од 2003 година.