После повеќе три часа увид во доказите, адвокатот на Боки 13, Сашо Дуковски, даде изјава за медиумите.
„Извршивме увид. Требаше многу порано, и ќе продолжиме во следните денови да вршиме увид. Иако е веќе донесена одлука за завршување на истрагата, сепак, е подобро одошто воопшто да не се изврши увид.
Денеска беше неопходно да биде присутен, по моја оценка по другите останати докази, и само во корелација и консултација со него, бидејќи се работи за материјали кои се однесуваат, ќе одлучиме дали ќе биде присутен.
Не значи дека има обемен материјал, иако вршевме три часа. Исказ на некој сведок, има парични средства. Тоа можам да ви кажам, цела Македонија и пола Свет, другото би се воздржал од понатамошно коментирање.
После ова ако би требало да формирам мислење, но некои работи се појасни, ќе настапуваме во тој правец, и секако ќе бидете правовремено известени“, рече Дуковски кој што на прашањето од колку политичари постојат искази, одговори:
„Јас не видов искази од политичари во доказите. Од ниту еден“, дополни Дуковски.