Македонија

Африм Гаши во #10МИНУТИ: Моделот со шест изборни единици и отворени листи не нѝ одговара

– Подобро е да имаме една изборна единица или шест? Кој е ставот на вашата партија?

„Ние изградивме став дека сите изборни модели, било тоа моделот на мнозинство или пропорционалниот модел, затворени или отворени листи, тие имаат свои предности и недостатоци и секој модел сам по себе не е најдобриот. Моделот со шест изборни единци, мислам дека не ни одговара на нас Албанците, бидејќи тоа е докажано и во минатото. Мислам дека треба да се смени и да одиме со една изборна единица со отворени листи и тој би бил поблиску соодветното претставување на граѓаните и Албанците, иако и тој има свои недостатоци. Јас мислам дека ние треба да седнеме како политички лидери, да формираме работни групи и заедно со експертите да видиме со бројки кој модел е најдобар“, вели Гаши.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни