Православните верници кои го следат јулијанскиот календар утре, 1 ноември, го одбележуваат споменот на светиот пророк Јоил. Празникот се чествува на 19 октомври според стариот календар.
Според црковното предание, свети Јоил бил син на Ватуил, од Рувимовото колено, и живеел околу 800 години пред Христос. Се вбројува како втор меѓу дванаесетте мали пророци.
Во неговото житие се наведува дека ги предупредувал Израилците за страдањата што ќе ги снајдат поради нивните гревови и го претскажал вавилонското ропство. Го повикувал народот на пост, а свештениците на молитва и покајание, со надеж за Божја милост.
Посебно место во неговите пророштва има најавата за слегувањето на Светиот Дух врз апостолите и за излевањето на Божјата благодат врз христијаните. Во црковното предание, пророкот Јоил се поврзува и со пророштвата за Страшниот суд и за славата на Божјата црква.