„Бидејќи господинот Каракачанов ја покажа картата на Санстефанска Бугарија, јас ќе му ја покажам јас ќе му ја покажам картата на цела Македонија, нека видат и нашите млади поколенија колкава била нашата земја македонска и нека се гордеат со тоа“, вели владиката Агатангел.
Владиката Митрополит Повардарски Агатангел во неговото гостување во „Што не е јасно“ со карта од „Обединета Македонија“ одговори на провокациите на бугарскиот министер за одбрана и вицепремиер Красимир Каракачанов, кој празникот 8-ми март на жените им го честиташе објавувајќи карта од Санстефанска Бугарија во која влегува и Македонија.
Како Македонци ние многу пати се посрамотивме од промена на името, со договорите, Охридскиот договор, Преспанскиот договор, територијалната поделба, сега договорот со Бугарија, што не преживеавме само во овие десет години, а сеуште сме тука и опетојуваме, така и ќе биде, порача Владиката.