Агенција за супервизија на осигурување: Усогласувањето со европската директива не е поврзано со зелената карта

Сакаме да ја информираме јавноста дека со оваа нова законска регулатива значи усогласување со европската директива за осигурување позната како Солвентност 2 и никако не е поврзана со прашањата за осигурување од автоодговорност и зелена карта, се вели во соопштението испратено до медиумите од страна на Агенцијата за супервизија.

Во интервју за МИА претседателот на АСО, Попоски изјави дека прашањето за зелената карта како дел од полисата за автоодговорност при регистрација на возила, како и прашањето за либерализација на цените ќе стапат во сила со влез на Македонија во Европска унија. При тоа, останува како можност Владата да донесе одлука овие две прашања да се имплементираат и пред влез во Европска Унија, во периодот на одпочнување на преговорите за пристапно членство.

Се вчитува...

Агенцијата за Супервизија на осигурувањето ја информира јавноста дека поседувањето на зелен картон останува лично право на избор на возочот, како и до сега.

Извор: ТВ21