Ахмети му одговори на Заев – „Нема премиер ниту со 46 пратеници“

Ниту со 46 пратеници не се добива премиер. Вака лидерот на ДУИ Али Ахмети му одговори на лидерот на СДСМ Зоран Заев кој изјави дека “со 15 пратеници не може да се стане премиер“.

Ахмети за весникот Коха изјавил дека партијата со која раководи тој е фактор на стабилност и ги повторил условите а учество: Спроведување на Рамковниот договор, Преспанскиот договор, договорот за добрососедство со Бугарија и Законот за употреба на јазиците.

„Ниту со 46 пратеници, не се станува премиер. Во оваа ситуација на сите страни им треба мир, мудрост и да мислат на високите државни интереси. Јас едно можам да кажам, дека ДУИ е фактор на стабилност во земјава. Ние внимателно ги анализираме состојбите, нема да брзаме. Секое дејство што ќе го преземеме, го правиме во корист и интерес на државата, мирот, стабилноста и водење напред на крупните процеси, како што е Рамковниот и Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство, Законот за имплементација на јазиците да се спроведе  до последна точка, како и ветингот, борба против криминалот и корупцијата. Но во ниту еден момент да не се одбегне ветингот. Сите ќе бидат во партнерство со нас во усогласување на овие точки. Вклучувајќи го тука и премиерот“, истакна Али Ахмети.

Ден претходно, по конститутивната седница, Заев му порача на Ахмети дека премиер со 15 освоени мандати не се добива.

Универзитетскиот професор по уставно право, Јусуф Зејнели вели дека изјавите на Заев и Ахмети покажуваат дека ниту еден ги нема потребните бројки и дека ќе  имаме проширена влада.

„Иако изборот на влада е уставно прашање, во моментов тоа е политичко прашање. Уставот им отвора пат на политичките партии и во овој момент ниедна политичка партија нема апсолутно мнозинство во Собрание, ги нема потребните бројки. Се гледа дека горе – доле, бројките покажуваат дека ќе има влада со поширока коалиција. Тешко дека ќе има тесна коалиција“, вели Јусуф Зејнели.

Меѓутоа, тој предлага дека коалициите треба да преминат кон позрела фаза, да се базираат на програми и на владеењето на правото и законите.

„Мислам дека постепено треба да преминеме кон позрела фаза на владеење, тоа што беше најкруцијалната суштина на меѓународната заедница а која се однесува на владеењето на законот во земјава“, посочи Јусуф Зејнели.

Коалицијата Можеме на СДСМ и Беса на изборите на 15 јули освои 46 мандати, а ДУИ, 15. Двете партии во игра имаат по еден кандидат. Можеме – Заев, а Амети – Насер Зибери.

.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното