Македонија

Ахмети: Во борба против казината и обложувалниците ќе бидеме заедно со НВО

Идејата и барањето за дислокација на спортските кладилници, казината кои што ги бараат од Движењето против коцкање , доби поддршка и од лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Тој вети поддршка и ветување дека со новиот закон спортските обложувалници ќе се дислоцираат на 3 километри од институциите, верските и образовните објекти.

„Во овој фронт ќе бидеме заедно бидејќи тоа е за доброто на сите. Но апелираме до тие кои мислат дека имаат добивка од ова дејност, да се оддалечат од населените места, училиштата и најфреквентните објекти од страна на граѓаните“, вели Али Ахмети – Претседател на ДУИ.

„Ни беше ветено дека ќе се почитува барањето за оддалеченост од 3 километри. Нашите домови се свето место и треба да се штитат од ова зло“, вели Џенал Авдиу од движењето против коцкање.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни