Британски ученик бил нападнат од три ајкули додека бил на одмор на Бахамите со своето семејство.
На двете нозе му виселе „парчиња месо“, велат очевидци, цитирани од „Дејли мејл“.
Осумгодишниот Финли Даунер минатата недела бил на одмор на Бахамите со своето семејство, во близина на заштитеното пристаниште Компас Кеј, кога се случил ужасниот напад.
Момчето било извлечено на безбедно од неговата 12-годишна сестра откако рибата-грабливка го каснала за двете нозе.
Таткото на Финли, Мајкл Даунер (44), однапред го резервирал луксузниот летен одмор со неговите три деца, Финли, Лили (9) и Емили (12).
Одморот вклучуваше екскурзија на петте острови, како и пливање со свињи со водич.
Даунер откри дека неговите деца виделе перки од ајкула како пливаат во блиската лагуна.
„Одеднаш слушнав страшен крик и видов десетици како кружат околу Финли. Имаше толку многу крв. Парчиња од ногата му висеа. Мојот син можеше да биде убиен. Беше како сцена од Jaws, вели Мајкл Дауер.
Туроператорот Exuma Escapes вели дека ајкулите-медици во Компас Кеј првично биле донесени како атракција.
Туристичките водичи објаснија дека ајкулите доилки не претставуваат опасност за луѓето.
Сепак, од Exuma Escapes се категорични дека семејството отишло без водич до предметната лагуна, која не била дел од официјалната тура.
Финли Дауер веќе е опериран и ќе треба да користи инвалидска количка додека не закрепне.