Тензична атмосфера на денешното рочиште за случајот „Пулс“. Сопственикот на објектот каде работеше дискотеката, Гроздан Милковски, пред судот се пожали на сериозни здравствени проблеми и рече дека тешко може да присуствува на судењата.
Тој изјави дека има сепса на градите, не може да спие и дека од вчера има и бактериска инфекција на грлото, додавајќи дека нема можност постојано да плаќа возачи за да го носат на суд.
Судијката, пак, рече дека разговарала со неговите лекари и дека според нив неговата здравствена состојба не е загрижувачка. Таа предупреди дека доколку обвинетиот не се појави на следното рочиште, судот ќе му одреди притвор и дека така барем ќе има превоз.
На тоа Милковски одговори дека „подобро му е во притвор отколку сам да вози и да се фрли во некој ендек“.
