„Ако не се омажам за тебе, ќе станам свештеник“: Жената која го натера папата Фрањо да го посвети својот живот на верата

Пред да стане водач на Католичката црква, папата Франциск доживеал младешка љубов која трајно му го обележала животот, а имајќи предвид дека таа не била возвратена, тоа било пресудно за да стане свештеник.

Папата Франциск, роден како Хорхе Марио Бергоглио, оставил неизбришливо наследство. Сепак, зад неговиот верски повик стои помалку позната приказна која длабоко го обележала неговиот живот: младешката љубов која наводно влијаела на неговата одлука да го посвети животот на верата.

Амалија Дамонте, соседка и пријателка од детството на младиот Хорхе во Буенос Аирес, била таа која ја споделила оваа приказна со аргентинските медиуми кога тој бил избран за папа. Како што тогаш раскажала, двајцата имале скромно детство, исполнето со игри на улиците, едноставни танци и длабока почит кон вредностите на солидарноста и љубовта кон оние на кои им е најпотребно.

„Беше големо, зрело, прекрасно момче“, се потсетила Амалија при тој момент.

„Игравме на тротоарите или во локалните паркови, танцувавме … тоа беше многу убаво“, додала таа.

Со 12 години, Бергоглио не можел да замисли живот посветен на црквата. Напротив, сонуваше да формира семејство со Амалија. Дури и ѝ напишал писмо со јасно ветување: ако не се согласила да се омажи за него, тој ќе стане свештеник.

Одговорот, сепак, никогаш не дошол како што очекувал.

Мајката на Амалија го пресретнала писмото, остро ја казнила и ѝ забранила каков било контакт со младиот Хорхе. Брзо по принудната пауза, Бергоглио влегол во богословија. Со Амалија одржувал контакт преку писма некое време, но судбината ги одвела на различни патишта. Семејството Бергоглио се преселило, а наскоро и семејството Дамонте. Амалија основала свое семејство, додека Хорхе Марио целосно го прифатил својот религиозен повик.

Децении подоцна, говорела за таа младешка љубов: „Мислам дека тој е многу разумен, а и јас сум таква. Многу сум скромна. Можеби во таа смисла би можеле да бидеме сродни души. Затоа што сме многу скромни, ги сакаме сиромашните. Проблемот е што денес нема љубов кон сиромашните. Луѓето ги сакаат елегантните облеки и ништо друго.“

Папата Франциск почина на 88 години.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното