Ако продолжат да фрлаат отпад преку прозор, студентите прво ќе се казнуваат, а потоа и ќе се бркаат од домовите

Со оглед на тоа дека секојдневно студентите преку прозор го фрлаат ѓубрето, се создала мала депонија во домот „Пелагонија“. Откако сликата беше споделена во социјалните мрежи, целиот отпад беше исчистен, а Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ интервенираше таму каде што имаше потреба.

Местото е расчистено, а директот на студентскиот дом, Бујар Муртезани ги предупреди студентите да внимаваат каде го фрлат отпадот, бидејќи, во спротивно ќе бидат казнети. Првата казна ќе биде опомена, втората – парична, а третата – ќе бидат избркани од студентскиот дом.

Местото го посетија градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски.

Во студентскиот дом „Пелагонија“ сместени се 1000 студенти од неколку градови од Македонија.

РЕПОРТЕР: АФРИМ ЈОНУЗИ

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното