Македонија

Aктерката Силвија Стојановска не шверцувала дрога од Колмбија, судот ја ослобои

Aктерката Силвија Стојановска не шверцувала дрога од Колмбија, судот ја ослобои

Актерката Силвија Стојановска денеска во Кривичниот суд доби ослободителна пресуда, откако беше обвинета за шверц на кокаин.

Претходно Апелациониот суд донесе одлука да го врати на повторно судење предметот во кој актерката Стојановска со првостепена пресуда беше осудена на три и пол години затвор за делото кое ѝ се става на товар: шверц на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија.

Жалба тогаш поднесе и првоовинетиот Воислав Будисављевиќ, кој беше првостепено осуден на седум години затвор. Но, наместо ослободување или враќање на судењето отпочеток како што бараше, Апелација нему му ја зголеми казната на 12 години затвор.

Според второстепените судии, не се докажала поврзаноста помеѓу првообвинетиот Будисављевиќ и актерката Стојановска, за конкретното кривично дело.

Двајцата во воведните зборови се произнесоа дека не учествувале во шверцот на близу 700 килограми, како што стои во обвинението.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни