Свет

Активисти во Германија се обидоа да го прекинат емитувањето на мисата, не знаеја дека е снимена

Активисти во Германија се обидоа да го прекинат емитувањето на мисата, не знаеја дека е снимена

Германски климатски активисти планирале да ја прекинат телевизиската божиќна црковна служба за која мислеле дека ќе се емитува во живо, но на местото на настанот пристигнале предоцна бидејќи било снимено еден ден претходно, соопшти во саботата германската полиција.

Еколошките активисти од групата „Последна генерација“ не успеаја да ја прекинат мисата, која првично требаше да се емитува во живо на јавната телевизија, но беше претходно снимена откако се појавија информации за плановите на демонстрантите.

Полицијата ги отстрани

Осум активисти се појавија пред црквата на Воскресението во квартот Мохринген во Штутгарт точно напладне, за да ја заклучат. Од парохијата ја известиле полицијата која пронашла уште двајца потенцијални злосторници и ги отстранила.

Еколошката протестна група „Последна генерација“ ги блокира излезите и раскрсниците на автопатите во Берлин и другите поголеми градови од почетокот на 2022 година за да ја подигне свеста за климатските проблеми.

Организираа протести и во музеи, стадиони, министерства, аеродроми и нафтоводи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни