Македонија

Активни 14.249 случаи – еве каде има најмногу, а каде најмалку активни случаи

Министерството за здравство вчера информираше дека од направени 5.844 тестирањe, регистрирани се 870 нови случаи на КОВИД-19.

Регистрирани сe 661 оздравени пациенти, додека пак пријавени се 37 починати лица, меѓу кои и едно лице од Куманово на само 22 години.

Досега во земјата се направени вкупно 1.158.171 тестирање на Ковид-19, а вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 176.494.

Бројката на оздравени пациенти е 156.307, на починати е 5.938, а бројот на активни случаи изнесува 14.249.

Најголем број активни случаи има во Скопје – 5523, Тетово – 1976 – Гостивар -1199.

Најмалку активни случаи има во Дојран – 1, Демир Капија – 3 и Пехчево – 5.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни