Македонија

АКЦИЈА: Девојки се симнувале од манастирот „Трескавец“ во Прилеп, па паднале во провалија

АКЦИЈА: Девојки се симнувале од манастирот „Трескавец“ во Прилеп, па паднале во провалија

На бесплатниот телефонски број за итни повици 112, две девојки од локација кај манастирот „Трескавец“ побарале помош откако при движење надолу од манастирот кон градот, паднале во провалија.

„За настанот веднаш се известени и излезени на терен доброволното друштво „Златов врв“ од Прилеп и екипа од ТППП Прилеп (4 пожарникари со 1 теренско возило), ДЗС – Прилеп и МВР (ЦИК- Битола)“, информираат од Центарот за управување со кризи.

Во 17:15 часот двете девојки се пронајдени од доброволното друштво „Златов врв“ од Прилеп и истите се во добра здраствена состојба.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни