Синоќа 25-годишен маж од Албанија е уапсен во Неум, по инцидент во пекарата „Центар“.
Како што дознавaaт медиумите, тој од засега неутврдени причини со нож избодел 38-годишен маж, а двајцата се вработени во пекарата.
На местото на настанот веднаш била упатена полициска патрола, при што на 38-годишникот му биле констатирани полесни физички повреди. Повеќе информации ќе бидат познати по истрагата на криминалистичката полиција од Чапљина.