Во предградието на Солун синоќа имало заседа во која загинал Албанец (37) додека се враќал во зградата каде што живеел.
Малку по полноќ надвор од неговата зграда пристигнал неидентификуван маж, за кој се знае дека е само државјанин на Албанија. Откако го паркирал автомобилот, се упатил кон влезот на станбената зграда, не знаејќи дека таму го чекаат убијците.
Според последните информации, напаѓачите пукале неколку пати, а полицијата пронашла четири чаури. Итната помош пронашла маж како лежи во локва крв на тротоарот.
Веднаш бил пренесен во болница, каде набргу починал. Според засега достапните информации, жртвата се здобила со најмалку пет рани од куршуми.