Албанскиот ансамбл со неколку адреси, салата „Партизан“ запуштена и полна со ѓубре

Би требало да служи како сала за проби на Државниот албански ансамбл во Македонија. Но, состојбата на салата е повеќе од лоша. Мувлосан под, со многу ѓубре. Објектот за привремена употреба го одредила Владата, а министерот за култура, Асаф Адеми ни ја даде адресата.

„Просторијата во која се наоѓаме е салата Партизан во Чаир. Токму овој простор му е доделен како- објект за привремена употреба на Државниот албански ансамбл на народни песни и ора“, вели репортерот на ТВ21, Алмедина Исмајли

Се вчитува...

На објектот нема знаци за каква употреба служи. Ходниците се празни и темни, неколку соби се претворени во депоа иако во нив има ѓубре. Салата служела и за графити. Директорот на оваа институција, Фатос Љумани ги наведе причините зошто објектот кој е даден на употреба, е празен.

„Еден од елементарните услови за еден ансамбл или институција која има активности на сцена, е бината. А овој објект нема бина“, вели Фатос Љумани – директор на ДААМ.

Директорот на овој ансамбл, вели дека е во потрага по друг објект кој ќе им се допадне на уметниците. Тој вели дека го побарал на употреба Домот на Армијата, но добил негативен одговор од министерката Радмила Шеќеринска. Втора опција е објектот на Македонска филхармонија или салата на МОБ. Досега нема добиено одговор, затоа има и забуни со точната адреса што треба да ја има Државниот Ансамбл на песни и ора, за регистрирање како институција.

Актуелната адреса “Џон Кенеди“ бб, на салата Партизан во Чаир, не е точна.

„Првата адреса на ансамблот беше “Џон Кенеди“ бб, и не можевме да се запишеме во Централниот регистер. “Џон Кенеди“ бб е тоа што го гледаме позади и не можеме да се заведеме во Централен регистер. Потоа бевме принудени да добиеме друга адреса која е провизорна само со цел ансамблот да се заведе во централен регистер и да почне со другите процедури што ги имаме сега“, вели Фатос Љумани.

Министерот за култура, Асаф Адеми, во понеделникот на ТВ21 рече дека сместувањето на Државниот Албански Ансамбл во салата Партизан, е привремено. Според директорот Фатос Љумани, ова треба да се среди за еден месец, кога се очекува да се пушти конкурсот за примање на околу 80 соработници за Ансамблот на Албански народни песни и ора.

РЕПОРТЕР: АЛМЕДИНА ИСМАЈЛИ

Извор: ТВ21