Балкан

Албанците протестираат на југот на Митровица со карта од „голема Албанија“ и скандираат „УЧК“ (ВИДЕО)

Албанците протестираат на југот на Митровица со карта од „голема Албанија“ и скандираат „УЧК“ (ВИДЕО)

Десетици албански државјани од Митровица и Албанија попладнево излегоа на протест на југот на Митровица.

Тие не ги послушаа повиците на косовските институции да не го прават тоа. РТВ21 објави видео на кое се гледа и слуша како демонстрантите извикуваат „УЧК, УЧК, УЧК“, а држат и транспаренти на кои е прикажана „голема Албанија“.

Истите велат дека излегле да ја одбранат својата територија и провокациите на Србија на северот. Повикот за протест е упатен преку социјалните мрежи, а косовската полиција соопшти дека истото го шират непознати лица и сомнителни профили.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни