Македонија

Алијанса за Албанците со честитка на реизборот на Мицкоски

Алијанса за Албанците му го честита повторниот избор на Христијан Мицкоски за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, а на партијата за успешниот Конгрес, како важен чекор во понатамошната консолидација на партиските структури и понудата на опозицијата.

-Проблемите со кои се соочуваат граѓаните како последица на коруптивниот и криминален режим на СДСМ-ДУИ се многубројни. Денешната опозиција ја очекува многу работа за подобрување на условите на животот на граѓаните, а посебно во борбата со криминалот и корупцијата, економскиот развој и еднаквоста на граѓаните без никакви поделби, како основни предуслови за материјализирање на европската перспектива на земјата, пишува во честитката на Алијанса за Албанците до Мицкоски. 

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни