Македонија

Алсат: Пронајден е мртов оперативниот директор Лирим Хајредини, погребот ќе биде в петок

Алсат: Пронајден е мртов оперативниот директор Лирим Хајредини, погребот ќе биде в петок

Попладнево по вестите во 16 часот, Телевизија Алсат на социјалниет мрежи и веб страницата објави дека пронајден бил мртов оперативниот директор на телевизијата.

„Утрово, директорот за операции на Алсат Телевизија, Лирим Хајредини, беше пронајден мртов. Полициски и истражни екипи излегоа на местото на настанот, додека неговото тело е однесено на обдукција. Хајредини беше вработен во Алсат 16 години, посветен на професионализам и успех. Погребот на починатиот ќе се одржи во петок во Тетово“, објавија од телевизијата.

Телевизијата не емитуваше информација во првите вести во 16 часот.

Редакцијата на 4news.mk изразува сочувство до семејството и колегите за загубата.

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува искрено и длабоко сочувство до семејството, колегите, пријателите и сите кои го познаваа и соработуваа со Лирим Хајредини.

Хајредини повеќе од 16 години ја извршуваше функцијата оперативен директор на телевизијата Алсат, каде што остави значаен професионален белег и придонес во медиумскиот сектор.

Неговата професионалност, посветеност и придонес во медиумската заедница ќе останат запаметени, велат од ЗНМ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни