Македонија

Амбасадата на САД во Скопје воведува безготовински систем за конзуларни услуги од 15 јули

Амбасадата на САД во Скопје воведува безготовински систем за конзуларни услуги од 15 јули

Амбасадата на САД во Македонија соопшти дека од 15 јули 2026 година ќе воведе целосно безготовински и безкартичен систем за плаќање на услугите за американски државјани.

Според известувањето, на конзуларниот шалтер повеќе нема да се прифаќаат плаќања во готово, со кредитни картички или преку надворешни парични трансфери за издавање пасоши и нотарски услуги.

Наместо тоа, сите уплати ќе треба да се извршат онлајн, пред закажаниот термин, преку официјалниот владин портал на САД Pay.gov.

Од Амбасадата потсетуваат дека граѓаните задолжително треба да го испечатат електронскиот доказ за извршената уплата од Pay.gov и да го понесат на денот на закажаниот термин.

Дополнителни информации за новиот начин на плаќање и конзуларните услуги се достапни на: страницата на Амбасадата на САД во Северна Македонија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни