Македонија

Амбасадорката на Турција Кара, го посети седиштето на БДС

На покана од председателот на Бошњачки демократски сојуз, амбасадорката на Република Турција г-ѓа Тулин Еркал Кара го посети седиштето на нашата партија на ден 22.01.2019 година.

Во рамки на посетата, одржан е состанок на амбасадорката на Република Турција со раководството на нашата партија, на кој покрај претседателот на Бошњачки демократски сојуз г-дин Мунир Колашинац, присуствуваше неговиот заменик г-дин Зеќир Курбардовиќ, генералниот секретар на партијата г-дин Дино Дрпљанин и г-дин Самир Дрпњанин.

Претседателот на партијата ја информираше амбасадорката за целите, статутот и програмата на нашата партија како и со досегашните активности и политичкото делување.

Амбасадорката на Република Турција изјави дека Бошњачки демократски сојуз е нова партија, дека има целосна поддршка од Република Турција и дека се надева дека оваа поддршка и соработка ќе биде многу поголема во иднината. Покрај останатото, потенцираше дека како и до сега ќе продолжи со несебична поддршка на сите проекти на Бошњачки демократски сојуз и дека Бошњачкиот народ во Македонија може да смета на поддршка од Република Турција.

Престедателот на Бошњачки демократски сојуз се заблагодари на амбасадорката на Република Турција за нејзината посета и поддршка која нашата партија ја имаше во досегашниот период и која беше насочена кон подобрување на статусот на Бошњачкиот народ во Македонија.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни