Македонија

Американските стопански комори обединети за подобрување на регионалното бизнис опкружување

Американските стопански комори обединети за подобрување на регионалното бизнис опкружување

Американските стопански комори на Република Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Србија, одржаа работна средба за време на Конференцијата за паметни градови во Тирана и се согласија за понатамошно зајакнување на економската соработка и промовирање на можностите за развој.

Американските стопански комори се заложија да продолжат да работат заедно за создавање на подобра деловна и инвестициска клима, отстранување на трговските пречки и поттикнување на слободното движење на капиталот, луѓето, стоките и услугите.

Американските стопански комори се обврзуваат да ја унапредат својата меѓусебна соработка и да ги детектираат неискористените можности коишто би произлегле од зајакнувањето на нивните меѓусебни врски.

Displaying Foto2_AmCham 23092022.png

Соочени со бројни предизвици, вклучувајќи ги енергетската безбедност, недостигот на човечки капитал, нарушувањето во синџирите на снабдување, трговските бариери, сајбер безбедноста и климатските прашања, Американските стопански комори ги повикуваат регионалните лидери да ги забрзаат реформите и соработката во насока на усогласување на своите државни економии со правилата на Европската Унија, нејзините дигитални и зелени агенди, како и за унапредување на односите со Соединетите Американски Држави.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни