Од АМСМ известуваат дека сообраќајот во земјава се одвива без забрани, по претежно суви коловози.
Влажни коловози има само на повисоките места, и се апелира внимателно возење. На граничните премини нема подолги задржувања од вообичаените.
Се вчитува...
АМСМ потсетува за поседување на зимска опрема во возилата, мерка која важи од 15 ноември, и ќе трае до 15 март идната година. Предвидени се глоби за сите оние кои нема да го почитуваат законот.
